Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски: Овозможуваме пристоен дом за 47 социјални семејства од Дебар
07.11.2022

Четириесет и седум социјално загрозени семејства во општина Дебар ќе добијат сопствен дом во новата социјална зграда, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи, директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Зоран Ѓоргијев, во придружба на градоначалникот Дука, извршија увид во изградбата на социјалната зграда.

 

Зградата има 2 ламели со вкупно 47 станбени единици, инвестиција вредна повеќе од 1 милион евра.

 

„Денеска сме тука во Дебар да извршиме увид во изградбата на социјалната зграда која има 47 станови и кои ќе бидат дом за исто толку социјално ранливи семејства од општина Дебар. Инвестицијата е над 1 милион евра, но грижата кон овие категории граѓани нема цена, работиме силно за да обезбедиме кров над глава за секој граѓанин во земјата. Фокус ставаме на станбено социјалната политика и тоа најдобро го покажавме со распишување на јавните повици за распределба на социјалните згради во Пробиштип, Виница и во Свети Николе.“ – изјави министерот Бочварски.

 

Министерот Бочварски истакна дека во завршна фаза е целосната реконструкција на патот Маврови Анови до Жировница како единствена патна врска до Дебар. Исто така потенцираше дека со силно темпо се работи и на изградбата на новиот патен правец од Дебар до Кичево, со што го поврзуваме дебарскиот регион со Коридор 8.

 

„Ова е добар пример како централната власт во координација со локалната со конкретни проекти им помага на граѓаните. Со општина Дебар имаме и други заеднички проекти што ги реализираме како проектите за рехабилитација на локалната патна мрежа, што се приоритет за општината. И во ова време на енергетска криза инвестираме силно во сите општини и помагаме во нивниот понатамошен развој,“ – изјави заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи.

 

Директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор истакна дека зградата ќе се изгради до крајот на наредната година.

 

„Објектот се состои од приземје и пет ката, со вкупно 47 станбени единици од кои на приземјето се предвидени четири станови за лица со посебни потреби. Во моментот се изведуваат ѕидарски работи и се вградува надворешна ПВЦ столарија, се работи на водоинсталатерски и електротехнички инсталации. Вкупната инвестиција е над 1 милион евра и очекуваме градбата да заврши до крајот на следната година,“ – изјави директорот Зоран Ѓоргијев.

 

„Општина Дебар ги детектираше социјално ранливите семејства. До сега преку преку буџетот на општината ги плаќавме месечните кирии со што ги згрижувавме овие семејства, но еве со оваа социјална зграда конечно ќе може да им обезбеди постојан кров над глава,“ изјави градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube