Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски: Околу 1 милион евра инвестираме за подобрување на локалните улици во Кавадарци
24.11.2023

До сега реконструиравме  девет улици во општина Кавадарци, за што преку Министерството за транспорт и врски инвестиравме околу 1 милион евра, а следната година предвидено е да реконструираме уште две локални улици, истакна министерот Благој Бочварски кој денеска со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска извршија увид во реконструираната улица Димката Ангелов Габерот.

 

Ова е дел од Проектот за реконструкција на локалните улици низ општините за што Владата инвестира вкупно 70 милони евра.

 

Министерството за транспорт и врски во континуитет дава силна подршка на општините за проекти кои се од суштинско значење за граѓаните и за развој на локалната економија, потенцира министерот Бочварски.

 

„Владата преку Министерството за транспорт и врски инвестираше околу 1 милион евра во општина Кавадарци и слободно можам да кажам дека тука во Кавадарци реконструиравме најголем број на улици и тоа:

  • ул. Дисанска
  • Западен Булевар
  • ул. Илинденска
  • ул. Пионерска
  • Ул. Браќа Џунови
  • Ул. Димката Ангелов Габерот на која што се наоѓаме денеска.

Понатаму, улицата Слога, улица Вељко Влаховиќ и улица Максим Горки.

Од тука сакам да најавам дека следната година ќе ги реконструираме и улиците Ѓорѓи Соколов и улицата 25 Мај, за кои постапките во Министерството за веќе започнати.

Исто така во делот на патната мрежа континуирано вложуваме и за рехабилитација на регионалните патишта во и околу Кавадарци.

Целосно го реконструиравме транзитот низ Кавадарци, патниот правец кон Дреново, патот кон Росоман, го реконструиравме и патот Мушов Гроб – Мрежичко, а што е најважно со силна динамика работиме на изградба на експресниот пат од Градско кон Прилеп, како директен бенефит за сите граѓаните од Кавадарци и од регионот", изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

 

Министерот додаде дека со средства од  Министерството во висина од 2,5 милони евра е подобрена комуналната инфраструктура низ повеќе улици во општината Кавадарци.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube