Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски: Новиот модел на фазна градба ќе ги даде очекуваните резултати за модерни и квалитетни патишта на Коридроите 8 и 10 д
29.04.2023

Новиот модел  на  фазна градба на автопатските делници на Коридор 8 и 10 ќе ги даде очекуваните резултати и автопатите ќе ги изградиме модерно и квалитетно во тие 4 години и 7 месеци како што стои во Договорот, истакна министерот Благој Бочварски во интервју за МИА. 

 

Министерот Бочварски потенцира дека за овој проект, работата во делот на проектирање и работата на градење ќе се делегира на компанијата изведувач и таа компанија  во исто време ќе проектира и ќе гради без притоа да се губи време како што се случува на инфраструктурните проекти што се градат и по една деценија заради лошите проекти од минатото. 

 

“ Ако земјиштето е имотно-правно чисто, земјиштето е на РМ тогаш таму изведувачот влегува проектира и веднаш влегува со градба. Додека го гради тој дел или таа делница, продолжува со проектирање, со експропријација на останатите делници и продолжува со градба и на останатите делници. Факт е дека овој модел не е доволно познат во државата, но има примена и во околните земји и покажува добар резултат и прогрес на терен.  Овој модел сме го дискутирале и со професори од Градежен факултет и несомнено овој модел на проектирање и градба ќе даде подобар прогрес и подобар резултат во работењето. Како министер за транспорт, за мене, за Владата е клучно брзо да ги реализираме и затвориме прашањата во делот на градба на Пан европските коридори. А ако сакаме да го напривме тоа час поскоро тоа мораме да го направиме со моделот на проектирање и градба, тоа значи дека компанијата која што ќе биде изведувач на терен да ја има обврската и да проектира и паралелно со тоа да гради”, изјави министеротБлагој Бочварски.

 

Тој во интервјуто појаснува  дека треба да се напушти сегашниот модел на изградба бидејќи праксата покажува дека е нефункционален и покажал многу слабости на терен.

“Убеден сум дека и во наредниот период државата и во иднина ќе реализира проекти на ваков начин, не проекти кои се проектираат во 90 те, се градат во 2010, а завршуваат со градба во 2020 или 2025. Тоа е нешто за кои не сум подготвен да разговарам бидејќи кога зборуваме на пример еве пругата кон Бугарија колку години се гради. Пругата кон Бугарија е почната од 90 -те, имаме променето повеќе од 3-4 изведувачи,  повеќе постапки и пруга сеуште немаме. И тоа ли е моделот за кој што треба да зборуваме? Тоа е модел на кој то веднаш мора јасно и гласно да кажеме, ова се напушта бидејќи се покажува дека сме имаме проблеми во реализацијата, кога се работи зборувам за проекти од стратешки и национален интерес”, истакна министерот Бочварски.

 

Тој уште еднаш потврди дека започната е реализација на Договорот за изградба на автопатските делници на Коридор 8 и 10 д, при што компанијата започнува со мобилизација на кадар и испитување на теренот. Паралелно со тоа се работи и со поставување на кампови за работниците, за инжинерскиот персонал, а во следна фаза проектирање, поднесување на проектите за урбанизам за одобрување на трасата и понатаму и изградба. 

 

Изградбата на автопатските делници на Коридор 8 и 10 д, е најголемиот стратешки инфраструктураен проект од национален интерес во државата, кој ќе придонесе за регионален економски развој и интеграција на Република Северна Македонија во мрежата на трансевропските коридори. 

 



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube