Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски: Надминати затекнатите состојби со експресниот пат Градско – Прилеп, продолжуваме да го градиме
30.12.2020

Затекнатите состојби со експресниот пат Градско - Прилеп се надминуваат. Онаму каде што имаше проблеми со изведувачите ги решивме и веќе со почетокот на градежната сезона започнуваме со силно темпо на изградба, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета на општина Прилеп.

“ Сакам да информирам дека за првата делница Градско –Дреново, Владата донесе одлука да се преземат градежните работи  од  сегашниот изведувач и во седниот период оваа делница да ја гради друга компанија која има технички и човечки ресури да за ја доизгради оваа делница навреме. Во однос на втората делница од Дреново до Фариш, тендерската постапка е завршена и сега понудите се во фаза на евалуација. Очекувам на пролет да имаме силна градежна активност паралелно и на двете делници. За третата делница, планирано е да се реконструира целиот пат на Плетвар, а онаму каде што има две ленти ќе се прошири на ниво на експресен пат со три ленти, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

 

Тој потенцираше дека во фаза на изработка е проектна задача за изградба на автопат од Прилеп до Битола со што ќе се заокружи брзата патна врска кон Пелагонија.

При денешната посета на општина Прилеп, министерот Бочварски заедно со градоначалникот Илија Јованоски,  присуствуваа на пуштање во употреба на мост во населеното место сточен пазар во Прилеп.

 

“ После 50 години се изгради нов армирано-бетонски мост, кој ќе ги поврзува двете индустриски зони и преку кој ќе одвива 80 отсто од товарниот сообраќај во градот. Мостот е со должина од 24 метри, има четири коловозни ленти, од кои две во едниот и две во другиот правец, а од двете страни на коловозните ленти има по една велосипедска и пешачка патека. Вкупната вредност на овој капитален проект е 35 милиони денари, инвестиција на општина Прилеп”, истакна градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.

Овие капитални  проекти се многу значајни за локалниот економски развој, значјни се за поврзување на граѓаните и бизнисот и затоа во следниот период силно продолжуваме да инвестираме во развој на општините, додаде министерот Бочварски.

 

 

 

 



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube