Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски: Капиталните проекти во овие стотина дена ги реализираме со голем интензитет
23.12.2020

Министерството за транспорт и врски и во услови на оваа здравствена криза и понатаму останува мотор на домашната економија.  Проектите што ги реализираме не само што не се забавени, туку во овие стотина дена од новата Влада, добија на поголем интензитет, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната прес конференција на која информираше за реализираните активности на министерството во првите 100 дена.

Показател за тоа, потенцираше министерот Бочварски е движењето на градежниот сектор кој во третиот квартал оствари раст од 3, 4 процентни поени како и фактот што во градежните компании нема отпуштање на вработени.   

“ Завршивме со изградба на првиот дел од експресниот пат Штип- Кочани, односно ја пуштивме во употреба делницата Штип- Крупиште. Интензивно продолживме со изградба на експресниот пат Штип-Радовиш и експресниот пат Ранковце -Крива Паланка. На вчерашната седница на Влада донесовме одлука на Влада за преземање на градежените активности од нов изведувач на експресниот пат од Градско до Прилеп, односно делница Градско –Дреново. Тоа значи дека сега имаме чист терен за работа и активно продолжуваме со изградба на оваа значајна патна врска кон Пелагонија.

Понатаму, ги завршивме сите нови проекти што беа пропуштени при изградба на автопатот Кичево-Охрид и сега имаме забрзана динамика на изградба. Уште еден значаен проект кој го работи Министерството за транспорт и врски е е проектот за изградба и санација на локални патишта вреден 70 милиони евра.  Деновиве ќе потпишеме договор со изведувач и отпочнуваме со реконструкција на 27 патишта во 13 општини” изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Во делот на железничкиот сообраќај министерот истакна дека е завршена изградбата на пругата Битола – Кременица, а министерството е во фаза на издавање на употребна дозвола за користење на пругата.

Понатаму министерот Бочварски се осврна и на проектите во комуналната инфраструктура каде активно се работи на преку 20 проекти за изградба и реконструкција на канализациона и водоводна мрежа, на отпочнување на  изработка на нов Закон за градење како и договор за изработка на ГУП за Град Скопје.

“ Во насока на обезбедување на дом за ранливи категории граѓани, преку АД за стопанисување со станбен и деловен простор, започнавме со изградба на две нови социјални згради во Демир Капија со 16 станови  и Гевгелија со 52 станови. Набрзо очекуваме започнување на нова зграда и во Велес со 29 станови. Во овој момент се градат вкупно 576 социјални станови”, потенцираше министерот Благој Бочварски.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube