Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски: Ја спроведуваме најтемелната реформа во урбанизмот и градежништвото
10.12.2021

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска присуствуваше на завршниот настан во организација на Транспаренси Интернејшнал Македонија, на кој се дискутираше за законските постапки во делот на градежништвото и урбанизмот.

 

Во своето обраќање, министерот Бочварски потенцираше дека оваа Влада ја спроведува најтемелната реформа во урбанизмот и градежништвото преку изготвување на нови законски решенија, Закон за урбанистичко планирање и Закон за градење, каде учество земаат сите заинтерерсирани страни, се со цел носење на квалитетна законска регулатива која ќе биде ефикасна на терен.  

 

„Веднаш да потенцирам дека урбанизмот и градењето се долготрајни процеси. Ова со еден удар не можеме го смениме и тоа што денеска го чувстуваме е рефлексија од времето кога преку ноќ се носеа планови.

Би дал еден пример. Урбанистичките планови донесени од 2010-2012-2014 година, најголем дел од нив денес се реализираат. Но, тоа се политиките од тој период со поминати процедури и постапки во тоа време.

Можеби сакаме со една одлука денес да промениме десетици планови, но таа одговорност и тој ризик од долготрајни штетни судски постапки по буџетите на општините, па и државниот буџет, ќе ја платат на крај граѓаните, сите ние.” - истакна министерот Бочварски.

 

Министерот нагласи дека со новиот Закон за урбанистичко планирање се овозможува транспарентност на постапките и вклученост на граѓните во планирање и изготвување на урбанистичките планови. Дополнително, донесен е Тарифиник за изготвување на урбанистички планови за да не се случува изработка на планови за 1 денар. Исто така во фаза на подготовка е и Тарифник за инжењерски услуги, потенцираше министерот Бочварски.

 

 

„Реформските процеси во државата во континуитет ги продолживме за да изградиме здраво општество кое се темели на правда и сигурност за сите чинители во оваа дејност, од граѓаните, институциите, па се до инвеститорите. Ги повикуваме и граѓаните активно да се вклучат како главен коректор, бидејќи со новиот Закон за урбанистичко планирање овозможуваме и тие да партиципираат при планирањето и изработката на урбанистичките планови”, - се обрати министерот Бочварски пред присутните.

За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube