Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски: Ја изградивме социјалната зграда во Свети Николе, следува јавен оглас за распределба на становите
03.07.2021

Социјалната зграда во Свети Николе е завршена и пред рокот, во периодот што следи ќе се распише јавен оглас за распределба за социјално ранливите категории граѓани од Свети Николе, истакна министерот Благој Бочварски кој заедно со градоначалникот на општината Сашо Велковски извршија увид на завршениот објект.

 

Зградата е со вкупно 48 станбени единици, за што ЈП за стопанисување за станбен и деловен простор од значење за Републиката преку Министерството за транспорт и врски инвестираа 66 милиони денари.

 

Становите се наменети за лица од социјален ризик, а распределбата ќе се изврши по електронски пат.

 

“ Драго ми  е што во најбрз можен рок ја завршивме зградата во Свети Николе за да овозможиме 48 социјални семејства да добијат кров над глава. Сите технички процедури се завршени, останува зградата да се запише во Катастар и да се објави јавен оглас за распределба на становите. Ова е начинот како оваа Влада води грижа и за најранливите категории граѓани на кои ова им е најпотребно. Привршуваме со социјалната зграда во Виница и Пробиштип односно активно работиме на изградба на вкупно 661 стан во девет општини, изјави министерот Благој Бочварски. 

 

Тој најави дека се започнува изградба на нова социјална зграда и во Кочани.

 

За градоначалникот Сашо Велковски, изградбата на оваа социјална зграда е одособено значење за решавање на станбеното прашање на доволен број на социјално загрозени семејства во Свети Николе. 

 



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube