Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски: Изградба и рехабилитација на преку 1500 километри национални и 450 километри локални патишта, на околу 500 километри комунална мрежа, продолжуваме со инвестициите во железницата
17.09.2020

“Инвестициите во инфраструктурата ги реализираме преку изградба и рехабилитација на преку 250 километри автопатска мрежа , изградба на 300 километри експресни патишта, преку 1000 километри рехабилитација на регионални патишта и рехабилитација на околу 450 километри локални патишта.  Во соработка со други министерства преку разни програми планираме изградба на нови 500 километри водоводни и канализациони линии. Фокус и понатаму останува изградбата на пругата на Коридор 8,  утврдена ни е динамиката на изградба на преку 700 социјални станови”, истакна министерот Благој Бочварски на денешната прес конференција на која ги презентираше целите и задачите содржани во Мандатното писмо.

Довербата што ми ја даде премиерот Зоран Заев носи голема одговорност и отчетност пред граѓаните. Мандатот за Влада 2020-2024-та година е обврзувачки за сите нас и она што е преточено во Владината програма да го реализираме, истакана министерот Бочварски.

Тој потенцираше дека се залага за искористување на сите технички и човечки капацитети да се изгради квалитетна инфраструктура и да се обезбеди високо ниво на реализција на капиталните инвестиции како услов за заздравување на домашната економијата и тоа преку градежниот сектор.

“Од нас се очекува во соработка со сите надлежните институции да продолжиме во спроведувањето на десетгодишната Стратегија за развој на патната инфраструктура, модернизација и безбедност, преку инвестиции од дополнителни две милијарди евра. Притоа, продолжуваме поинтензивно со изградба на автопатот Кичево – Охрид, целосно ќе го реконструираме патниот правец од Струга до граничниот премин Ќафасан, а ќе започнеме со постапка за проширување на автопатот од Тетово до Гостивар. 

Истовремено вршиме проектирање за изградба на нов автопат од Гостивар до Кичево како и со изградба на автопатот Скопје – Блаце.  Понатаму, продолжуваме да ги градиме експресните патишта и тоа втората фаза од Штип – Радовиш,  втората делница од Штип – Кочани,  Ранковце – Крива Паланка и Градско – Прилеп. Започнуваме со изработка на проектна задача за автопат Прилеп-Битола. Во овој мандат ќе работиме на започнуваме со изградба и на нови два експресни патишта Смоквица – Струмица – Ново Село и Битола – граничен премин Меџитлија со обиколница Битола” истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Тој најави рехабилитација на преку 1000 километри магистрална и регионална патна мрежа  и инвестиции од 70 милиони евра во санација на локални патишта и улици. 

“ Во мандатот се обврзуваме да работиме на подобрување на квалитетот на железничката инфраструктура и да ја доизградиме пругата од Куманово до Бељаковце, да започнеме со втората и третата фаза од железничкото поврзување со Република Бугарија и да ја пуштиме во сообраќај новата пруга од Битола до Кременица. По завршување на КОВИД-19 кризата се обврзуваме со активности за воведување нови дестинации и зголемување на бројот на летови од домашните аеродорми, се обрати министерот Бочварски.

Министерот потенцираше дека денеска е потпишан и Правилникот за урбанистичко планирање каок продолжена алатка на новиот Закон за урбанистичко планирање, со кои ќе се овозможиме вистински развој на урбаните средини преку рационлано и хумано планирање на просторот, каде нема повеќе да се дозволува узурпација на просторот.

Задачите и целите содржани во Мандатното писмо преку кои ќе се реализираат капиталните проекти, министерот најави дека ќе ги оставрува професионлано преку унапредување на  политиките на транспарентност и отчетност.


Во продолжение Мандатно писмо



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube