Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски: Интензивно ја градиме третата лента на автопатската делница Катланово-Петровец
22.04.2021

Третата лента на автопатската делница Петровец - Катланово се гради со силен интензитет. Покрај изградбата, вршиме и комплетна рехабилитација на оваа делница како дел од Коридор 10, истакна министерот Благој Бочварски при денешниот увид во градежните работи.

 

Министерот Бочварски заедно со директорот на ЈП за државни патишта ејуп Рустеми, денеска извршија увид во рехабилитација на автопатската делница  Петровец-Катланово, инвестиција од 7,2 милиони евра.

 

Со проектот се предвидува проширување со трета лента по трасата како и целосна рехабилитација.

 

“ Ова е делница од Коридорот 10, дел од Европските коридори, за нас многу значајна транзитна патна врска и ова е начинот како да воспоставиме квалитетен, модерен и безбеден автопат ако сакаме да ја одржиме стратешката позиција на земјава во делот на транзит на овој Коридор. 

Претходно се реконструираше дел од десниот коловоз, поставен е прв слој на асфалт. Во моментот се работи на левиот коловоз, а како што може да се види се работи и на изградба на уште една нова коловозна лента”, изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

 

 “ На левиот коловоз се руши постоечкиот мост над Ржанички канал од причина што мостот е со две коловозни ленти и ќе се изгради нов со 3 коловозни ленти. Во моментов се одвиваат работи и на рехабилитација со проширување на левиот коловоз.  Исто така, пред клучката Катланово, во должина од околу 460 метри ќе се изврши проширување на коловозот со уште една лента. На целиот потег што се рехабилитира ќе се замени постоечката еластична oграда”, изјави Ејуп Рустеми, директор на ЈП за државни патишта.

Министерот Бочварски и директорот Рустеми го посетија и контролниот центар за електронска наплата на патарина – Петровец каде се разговараше за модернизација на патарините и на Коридор 8. 



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube