Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски: Годинава започнуваме со изградба на преку 200 социјални станови
13.01.2021

 

За оваа година во соработка со АД за стопанисување со станбен и деловен простор  планираме изградба на 5 нови згради со над 200 станови наменети за ранливи категории на граѓани, истака министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната прес конференција на која заедно со директорот на АДССДП, Кристијан Трајковски, информираа за динамиката на изградба на социјални згради во општините.

 

“Очекуваме до крај на овој месец во Велес да се отпочне со изградба на зграда со 29 станови, а оваа година ќе почнеме со изградба на дополнителни 173 станови за Пехчево, Дебар, во Сарај и во Кочани. Во меѓувреме се проектираат и социјални згради во Штип и Прилеп. Наша обврска е да создаваме услови сите ранливи семејства да добијат кров над глава, сигурност и подобри услови за живот.  И заради тоа интензивно работиме на мерки и политики кои влијаат на подобрување на социјалната положба на ранливите категории. Ова е еден од начините како оваа Влада води сметка за згрижување на ранливите семејства и уверуваме дека со овие мерки и политики ќе продолжиме и во наредниот период”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

 

Министерот додаде дека во овој момент се градат 574 социјални станови во седум општини за кои дел ќе завршат оваа, а дел другата година.

 

Директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, истакна дека веќе се прават планови за продолжување на овој проект.

 

“Разговарваме со министерот за продолжување на овој проект и затоа активно работиме на расчитување на имотно правните работи на други локации во општините.  Исто така сакам да потенцирам дека акционерското друшто гради и станови со комерцијална намена по пазарни цени кои се достапни за граѓаните и овозможуваат конкурентски услови”, изјави Кристијан Трајковски, директор на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката.

 

 

 

 

 

 



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube