Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски: Го развиваме Дојранскиот регион, започнува реконструкцијата на 3 патишта во општина Дојран
15.09.2022

Вложуваме преку 30 милиони денари за подобрување на локалната патна мрежа во Дојран, обезбедуваме регионален раст и развој и подигнување на туристичкиот потенцијал на Дојранскиот регион, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска беше во работна посета на општина Дојран.

 

Министерот Бочварски оствари средба со градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, со кој го потпишаа договорот за реконструкција на три локални патишта во Дојран, за чија инвестиција обезбедени се средства од централната власт преку Проектот за поврзување на локални улици и патишта.

 

„Денеска заедно со градоначалникот Ангов го потпишавме договорот за реконструкција на три локални патишта кои општина Дојран ги означи како приоритетни и тоа во населените места Црничани, Николиќ и Фурка. Преку Министерството за транспорт и врски за овие 3 локални патишта обезбедивме речиси 26 милиони денари. Постапката за избор на изведувач е завршена, изведувачот е спремен со механизација да започне со градежни активности во секој момент. Го развиваме Дојран и околината, го подобруваме квалитетот за живот на граѓаните, но најважно од се го подобруваме и туристичкиот потенцијал на целиот регион.“ – изјави министерот Бочварски.

 

„Од големо значење се средствата и поддршката која ја добиваме од централната власт. Ние и во претходниот период работевме на неколку места во Дојран, реализиравме проекти со средства од Владата. Сакам да потенцирам дека поддршката продолжува, соработката со Министерството за транспорт и врски е одлична, така ќе биде и во целиот нареден период, бидејќи само така заеднички можеме да постигнеме повеќе за нашите граѓани и за Дојран.“ – изјави градоначалникот на Дојран, Ангов.

 

Во рамки на посетата министерот Бочварски и градоначалникот Ангов извршија увид и во реконструкција на водоводниот систем во населеното место Фурка.

 



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube