Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски: Го распишавме јавниот повик за распределба на социјалната зграда во Свети Николе, помагаме на социјално ранливите семејства
25.10.2022

Министерството за транспорт и врски денеска го објави јавниот оглас за распределба на 48 станови во социјалната зграда во Свети Николе.

Јавниот повик трае 30 дена и на него може да аплицираат шест категории на граѓани согласно Одлуката за распределба на социјални станови и тоа: Деца без родители кои до својата 18-та година биле згрижени во институции за деца без родители, корисници на право на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни - природни непогоди, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, лица припадници на Ромската заедница- социјално загрозени согласно Стратегијата за Ромите како и самохрани родители со малолетни деца.

Увид во зградата денеска направија министеот Бочаврски, директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Ѓорѓијев и претставници од Центарот за социјални работи во Свети Николе.

„Продолжуваме со политиките за создавање на праведно општество во кое се грижиме за намалување на социјалната нееднаквост во нашата земја. Сакам да апелирам до граѓаните кои ги исполнуваат условите да аплицираат за социјален стан, доколку имаат потешкотии при комплетирање на потребната документација, без двоумење да се обратат до Комисијата и до Центарот за социјални работи од каде им стојат на располагање. Грижата за социјално ранливите семејства кои по било кој основ останале без дом е повеќе од потребна. Тоа што ние како обврска мораме да го обезбедиме е да понудиме решенија, да обезбедиме похумани услови и да ги вратиме во општествениот живот рамноправни со сите”,изјави министерот Бочварски.

 Инвестицијата е во вредност од 84 милиони денари.

„Објектот се состои од приземје, четири ката и поткровје со вкупно 48 станови.  Становите се со површина од 35 до 47 метри квадратни. Со оглед на успешноста на проектот, АД е во интезниви преговори со Банката за развој при Советот на Европа за продолжување на проектот за изградба на станбени социјални објекти и во други општини.“ изјави Зоран Ѓорѓијев, директор на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката.

 

Министерот Бочварски додаде дека со измените на Законот за градење се утврди најповолниот модел за поставување на фотонапонски централи за граѓаните и правните лица. Тој потенцира дека аплицирањето може да биде само со лична карта,  проект и имотен лист, без да се бара дозволи од општините. 



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube