Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски: До крај на годината јавен повик за изградба на третата фаза од пругата на Коридор 8, делница Крива Паланака-граничен премин Деве Баир
02.12.2023

До крај на годината очекувам да го распишеме јавниот повик за изградба на третата фаза на пругата на Коридор 8, односно од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир. Исто така очекувам многу брзо пратениците да ги изгласаат законите за заем од меѓународните финансиски иснтитуции и со тоа да ја заокружуме финанисиската конструкција за изградба и на последниот дел од пругата. Секако за оваа фаза имаме обезбедено и грант средства, истакна министерот Благој Бочварски кој заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на ЖРСМ Инфраструктура Зоран Трифуновски, извршија увид на изградба на пругата од Куманово до Бељаковце.

 

Делницата од Куманово до Бељаковце е во должина од 31 километар, инвестиција е во вредност од 40 милиони евра. Втората фаза, од Бељаковце до Крива Паланка е во вредност од  155 милиони евра за изградба на 34 километри нова пруга. Изградбата, потенцира министерот Бочаврски, се одвива со силна динамика.

 

“Изградбата на железничка пруга од Куманово до Крива Паланка и во следна фаза до границата Деве Баир, инвестиција од преку 700 милиони евра е сериозен чекор во развојот на регионалната железничка мрежа. Тргнувајќи од важноста на Коридор 8 како дел од европската транспортна мрежа, изградбата на оваа пруга е предуслов за одржлив економски развој не само за нашата земја, туку и за целиот регион.  Денешната посета на оваа прва делница заедно со министерот Спасовски и директорот Трифуновски е доказ за тоа колку е важна оваа пруга, не само како инвестиција за Владата, туку како капитален проект кој ќе овозможи огромен општествен придонес за граѓаните, за стопанството и за целата државa’, изјави министерот Бочварски.  

Изградбата на железничка пруга од Куманово до ГП Деве Баир е инвестиција од преку 700 милиони евра.

 

“Од денешниот увид може да заклучеме дека градежните работи на железничката делница Куманово-Бељаковце се одвиваат според предвидената динамика, до сега имаме 44% реализација. Бројките говорат за успешноста на овој проект со што со полно право може да изјавам дека овој договор е пример како треба да се раководи еден вака значаен проект. Исто така сакам да потенцирам дека вложувањето во сите три фази на источниот крак од железничкиот Коридор 8, претставува најголемата инвестиција во железничката инфраструктура од осамостојувањето до денес”, изјави директорот на ЈП ЖРСМ Зоран Трифуновски.

 

Министерот потенцира дека во Собранието се изгласа и Законот за либерализација во железничкиот сообраќај, процес со кој се очекува да влезат нови оператори кои ќе возат по домашните пруги како услов за зголемување на  конкуренцијата во товарниот сообраќај.

При денешната посета во општина Куманово, министерот Бочварски заедно со министерот Спасовски ја посетија и Секторот за внатрешни работи во Куманово.

За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube