Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Аеродромите подготвени за операции
29.06.2020
Министерот Сугарески заедно со министерот Филипче денеска оставрија работна посета на Меѓународниот Аеродром Скопје каде заедно си директорот на ТАВ Македоднија, Алпер Ерсој, извршија увид во спроведување на мерките и протоколите за движење на патниците.
 
Во прилог интегралната изјава на министерот Сугарески: 

"Во согласност со препораките и мислењето  на здравствените организации, како и по примерот на другите земји во регионот, Владата донесе одлука да ги отвори аеродромите во земјава.
Од оваа среда, на 1 јули, повторно започнуваат со работа Скопскиот и Охридскиот аеродром, кои беа затворени некаде од средината на март со цел да се спречи ширењето на корона вирусот. 
Како што не информираше директорот на ТАВ, а денеска можевме и сами да забележиме на Меѓународниот аеродром- Скопје, аеродромите се комплетно подготвени да почнат со работа, преземени се сите потребни мерки за безбедност и исполнети се сите неопходни услови за непречено одвивање  на авиосообраќајот. 
Сакам да истакнам дека единствено со одговорно однесување и почитување на мерките и протоколите од страна на сите нас, ќе можеме повторно да имаме функционален авиосообраќај и граѓаните ќе можат непречено да патуваат без да го загрозат сопственото здравје. 
Отворањето на границите и аеродромите и активирањето на сите видови сообраќај е од клучно значење за економијата на нашата земја. 
Меѓутоа активирањето на авиосообраќајот во земјава не зависи само од нас
како Влада, туку и од одлуките и политиките на самите авиокомпании. 
Затоа, изминативе денови разговарав со претставниците на авиокомпанијата Визер, чиј договор беше прекинат во периодов на вонредни мерки поради Корона кризата, но сега со отворањето на аеродромите, Договорот повторно се активира. 
Најавата е дека компанијата ќе започне со работа од 2 јули. Како што сум информирам веќе во меѓународниот систем на летови започнала со продажба на билети. 
Но и обврска е на Визер со пуштањето на аеродромите да започне со летовите и линиите предвидени со Договорот. 
Развојот на авиосообраќајот отсекогаш бил приоритет на оваа Влада, а тоа го докажавме со рекордниот број на патници и постојаниот нагорен тренд на воведени дестинации и реализирани летови. 
Сега, нашата цел не е само да го вратиме авиосообраќајот на нивото на кое беше пред кризата, туку уште повеќе да го развиеме. 
Специфичните услови во кои се наоѓаме бараат брзо изнаоѓање на соодветни и креативни решенија, но и повикуваат на одговорност и почитување на мерките од страна на сите нас. 
Во таа насока нам како Влада ни останува и понатаму неуморно да работиме со цел да го стимулираме авиосообраќајот, да привлечеме нови авикомпании и да воведеме нови дестинации и летови; а на граѓаните да ги почитуваат протоколите и да се грижат за себе и здравјето на другите"


За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube