Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Бочварски: Приоритет се капиталните проекти, на терен се работи со силно темпо
28.04.2022

Реализацијата на капиталните проекти, преку изградба и реконструкција на  патната мрежа, комуналната инфраструктура и железницата, останува силен фокус на Министерството за транспорт и врски.

 

Во 100-те денови од Владата, се заврши со изградба на втората фаза од експресниот пат Штип-Радовиш инвестиција од 23 милиони евра.

 

Исто така завршени се сите инфраструктурни проекти на автопатот Кичево - Охрид кои беа неохподни за продолжување на сите дополнителни работи со што се овозможи силен фронт за работа на терен. Активно се работеше и на изградба на автопатската делница од Граничниот премин Блаце до село Блаце.

 

Во делот на експресните патишта интензиво се работеше на експресниот пат Градско-Прилеп, потоа од Курпиште до Кочани и експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, со вкупна инвестиција од 135 милиони евра.

 

Во овој период започнавме со изградба на регионалниот пат Извор до Гарски мост, реконструкција на превојот Плетвар, како и рехабилитација на неколку други патни правци.

 

Со проектот за „Поврзување со локални патишта”, распишавме јавен повик за рекнструкција на 17 локални улици во 10 општини со вкупна инвестициона вредност од 5 милиони евра.

 

Во делот на комуналната инфраструктура, за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните започнавме реконструкција на водоводи и канализациони системи во Кавадарци, Гевгелија, Штип, Валандово, Струмица и Крива Паланка.  Континуирано се работи на реконструкција на водоводни и канализацони линии и во други општини преку заемот од Европската Инвестициона Банка. Интензивно се гради и браната Отиња.  

 

За згрижување на социјално ранливите категории граѓани, во првите 100 дена, започнавме со изградба на социјални станови во Пехчево и Сарај, а ги завршивме социјалните згради во Неготино и Демир Капија. Започнавме со распределба на 70 станови во Гостивар.

 

Во рамките на преговорите на мешовитите комисии меѓу Владите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, ги зголемивме квотите за дозволи за и од трета земја со што го унапредивме товарниот транспорт и ја воведовме авиолинијата Софија-Скопје.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube