Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Остварено рекордно ниво од 540 милиони евра капитални инвестиции
25.12.2023
Министерот Благој Бочварски денеска се обрати на настанот по повод сумирање на резултатите за 2023 година во ресорот патишта. Тој со заедно со директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми потенцираа дека оваа година е рекордна во реализацијата на капиталните инвестиции во Северна Македонија.
Во продолжение интегралниот текст од обраќањето на министерот Бочварски: 

" Ова се моментите кога ги сумираме резултите од годишното работење и можам да спомнам дека имаме успешна година. И ова не го говорат само бројките на реализирани капитални инвестиции во ресорот на патишта, тоа го покажуваат бројот на изградени, рехабилитирани и реконструирани патни правци насекаде низ државата. 

И ова е реално, видливо на терен. Можеби на некој му се допаѓа или не, но овој тим од ресорот транспорт, е најуспешниот досега.

На почетокот сакам да се заблагодарам на поканата да се обратам на овој собир.

Овде се наоѓаме во голем број,  претставници од компании, државни институции, високо образовни институции и сите сме поврзани со иста општествена цел.

Северна Македонија да ја изградиме со модерни и квалитетни патишта,  патишта кои ќе бидат во функција на граѓаните за побезбеден сообраќај, за поефикасен и поекономичен транспорт за компаниите, за регионално поврзување и интеграција во европските транспортни мрежи.  

И јас верувам дека засега сме на добар пат оваа наша цел да ја реализираме.

Во делот на инвестиционата активност, слободно ќе заклучам дека работиме на проекти за изградба и рехабилитација на патни правци во државата во вредност од околу 2 милијарди евра.

Почитувани

Оваа 2023 година Владата ја привршува со рекородно ниво на реализирани капитални инвестиции од 540 милиони евра.

Јас често говорам дека секој денар вложен во изградба на патиштата, во железници, во целокупната инфраструктура е влог за идните геренации, за економски развој и просперитет на Репубика Северна Македонија.

Ова за нас како ресорно министерство е од исклучително значење во  спроведувањето на националните транспортни политики.

Генерално фокусот го ставивме на двата европски коридори 8 и 10 како и кракот на 10 д.

Оваа Влада, овој тим имаше визија да ги отпочне најголемите инвестициски проекти во доизградба на Коридорот 8 и 10 д.

Во однос на западниот дел на Коридор 8 започнавме со реализација на договорот на изградба на автопатските делници: 

  • Тетово-Гостивар
  • Гостивар Букојчани
  • Букојчани Кичево
  • Требениште -Струга - граница со Албанија
  • а морам да спомнам дека во тек е рехабилитација на автопатската делница Скопје-Тетово

Во делот на источниот дел на Коридор 8, завршивме со рехабилитација на државниот пат од Куманово до Страцин, потоа активно го градиме експресниот пат  од Ранковце до Крива Паланка кој очекувам следната година и да го пуштиме за сообраќај, како и рехабилитација со изградба на трета лента од Крива Паланка до граничен премин Деве Баир кој исто така ќе заврши следната година. 

Со овие инвестиции ја заокружуваме целата патна врска од Исток до Запад на ниво на модерен и безбеден Коридор.    

Во делот на Коридор 10, активно работиме на подобрување на капацитетите и безбеднсоста преку рехабилтација на дел од оштетените делници, на пример Неготино до Демир Капија како и на потегот Катланово до Петровец.

Уште еден предизвик со кој се соочивме е создавањето на нова модерна и квалитетна патна врска на Коридор 10 д.  Посебно сме фокусирани на изградба на:

  • двете делници од експресниот пат Градско – Дреново - Фариш.
  • завршивме со рехабилитација на превојот Плетвар.
  • имаме проект за проширување за трета лента на Плетвар.
  • сите претходни влади го ветуваа, но оваа Влада го започна историски најзначајниот проект за Пелганија, изгарадба на автопатска делница Прилеп Битола
  • завршивме со рехабилитација на државниот пат Битола-граничен прмеин Меџитлија.

Со една ваква инцестициона активност ја зголемуваме безбедноста во сообраќајот, овозможуваме побрз транспорт и ја зголемуваме конкурентноста на регионот Пелагонија.

Изминатава година рехабилитиравме и реконструиравме преку триесетина регионални патни правци во сите региони низ државата.

Дополнително само оваа година вложивме преку 10 милиони за реконструкција на преку 100 улици во општините со што дадовме дополнителен стимул во локалниот економски равој на самите општини.

Покрај вложувањето во поквалитетни патишта, отидовме чекор понапред во насока на подигање на безбедноста и предвидливоста во сообраќајот. Веќе  следната година очекувам да започнеме со инсталација на Интелегентниот транспортен систем на Коридор 10 со кој ќе го подигнеме нивото и ефикасноста во сообраќајот и транспортот. Имплементацијата на ИТС ќе вклучува иновативни решенија за управување со сообраќајот, првенствено за подобрување на условите за безбедност на патиштата и дигитализација на управувањето со сообраќајот, поодржлива, ефикасна и побезбедна мобилност на граѓаните.

Овој систем најпрво ќе се инсталира во јужниот дел на Коридор 8 од Велес до Гевгелија, а во втора фаза од Велес до ГП Табановце.  Истот се планира да се воведе и долж Коридор 8.

Директорот веќе спомна, имавме успешна интеграција на системот за наплата на матарина со М-таг со Република Србија со кој станавме пример како треба да соработуваат земјите од регионот.

На мојот последен состанок со грчки претставници од министерствто за транспорт го отворивме и прашањето оваа пракса за заеднички Таг да се прошири и во соседна Грција.

И ова севкупно, претствуваат сериозни инвестиции,  бараат силни и посветени тимови од проектанти до надзорни органи и изведувачи. И затоа велам дека сите заедно имаме иста цел.

Убедени сме дека ова е вистинскиот пат за просперитет, ова е исправниот начин да ја развиваме државата, да го помагаме бизнисот, да создаваме конкурентнтни компании, да овозможиме брз транспорт и подобри услови за патување на нашите граѓани.

Програмата за изградба и рехабилитација на државните патишта за следната 2024 година,  во соработка со ЈП за државни патишта и ЈП Македонија пат ја создаваме да ги опфати реалните потреби на стопанството и граѓаните, а пред се фокус дадовме на рамномерниот развој на планските региони во државата.

Тоа што е најважно е дека ниту еден проект нема да се застане, сите започнати проекти и во следната година активно ќе се работат.

Инвестициите во нови патишта се јасно дефинирани по критериуми по кои ќе создадеме рамноменерн развој на сите региони во државата. Обезбедувајќи работа за целиот градежен сектор како силна подршка за развој на домашната еконмија, ќе создадеме нови работни мести, нови знаења и примена на најсовремени технолошки процеси" истакна министерот Бочварски.  



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube